Селекторот на Англија, Томас Тухел, мораше да направи промена во составот непосредно пред стартот на Светското првенство поради повредата на бекот Тино Ливраменто.
Фудбалерот на Њукасл заработил повреда за време на тренинг во неделата, а по дополнителните лекарски прегледи било утврдено дека нема да може да настапи на Мундијалот. Ливраменто и претходно беше неизвесен, бидејќи поради повреда отсуствуваше пет недели и го пропушти финишот од сезоната во Премиерлигата.
Неговото место во репрезентацијата ќе го заземе Трево Чалоба од Челси. Тухел одлучи да повика стопер наместо класичен бек, што предизвика изненадување во англиската јавност.
Чалоба нема да биде во составот за утрешниот дуел со Хрватска во Далас, бидејќи ќе му се приклучи на англискиот камп во Канзас Сити по првиот натпревар од групата Л.
