Вести Македонија Топ вести

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека се обезбедени уште четири лица кои беа недостапни во рамки на истрагата за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија.

Од нив, две лица денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едниот осомничен е определена мерка притвор, а за вториот се определени мерки за обезбедување на присуство.

Другите двајца утре ќе бидат изведени пред судија на претходна псотапка.

Вкупно во истрагата за проневера на околу 3 милиони евра во ФФМ се опфатени 18 лица и осум фирми кои се гонат за проневера во служба и перење пари. Три фирми се згаснати, но на листата на осомничени се нивните управители.

Претходно притвор беше одреден за  поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски и на уште две лица. На петмина им беше определен куќен притвор, а на четворица мерки на претпазливост. Наследникот на Ѓорѓиоски на функцијата, Муамед Сејдини кој исто така е осомничен од пред два месеца е зад решетки за друг случај со проневера во ФФМ.

Според Обвинителството за време на мандатот на Ѓоргиоски, од 2015 година до јули 2018 година, присвоени се два милиони евра, а откако функцијата ја преземал Сејдини до октомври 2019 година присвоени се близу 900.000 евра. Прво и второосомничениот, како службени лица претседатели на ФФМ, потпишале вкупно 728 платни налози кои што им биле доставени од страна на третоосомничената за потпис и за реализација, а услугите и стоките кои биле наплатени никогаш не биле испорачани.

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Кој се кити со македонското злато

Дејан Дејан

Ако улицата се скрати еден метар, нема да можат да поминат ни Пожарна, ни Брза помош – жители од Маџир Маало бараат општина Центар да ја стопира узурпацијата на јавен простор

Дејан Дејан

Власта во реконструкција, опозицијата со оценка – се менуваат фотелјите, но не и политиките

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе