Анализиравме четири ланци на маркети и цени на 55 производи и врз основа на споредбата на цените 1 февруари и 1 април, дојдовме до заклучок дека зголемувањето на цените е отприлика за 0,4 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната промоција на 100 донирани возила за „Македонски пошти“.
„Кога ќе се споредат оние цени што ги затекнавме на 1 април со оние цени од 1 февруари, од анализата имаме некакви индикатори за одредени производи кои што ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број на проценти. Тоа значи над 10 проценти. А, кога станува збор за профитните маржи, можам да кажам дека тие се намалени на 1 април, споредено со 1 февруари. Ако на 1 февруари, просечните профитни маржи биле нешто над 15 проценти според нашите калкулации, според дистрибутерите и ланците не е таа бројка, сега се под 15, мислам дека се некаде 14,7 проценти според нашата математика“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека моментно се размислува како да се дојде до поевтини цени за граѓаните за одредена група на производи, каде што зголемувањето процентуално е двоцифрено и најави наското став на владата.
„Имаме и производи кои што за вилја на вистината се поевтинети. Инаку ги споредувавме четири маркети, нема да одам детално со цените, но тие маркети се Зур, Кипер, КАМ и Веро“, истакна Мицкоски.
С.Д.
