„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на разузнавачки извори, објави дека Иран користел кинески сателит за шпионажа за гаѓање на американските воени бази на Блискиот Исток. Информацијата ја пренесе и „Ројтерс“, но засега нема официјална потврда од Техеран, Вашингтон и Пекинг. Според изворите, Иран имал пристап до снимките на кинески шпионски сателити кои овозоможиле многу попрецизно одредување на метите.
Ако информацијата добие потврда, тоа би значело значителен исчекор на капацитетите на Иран кој досега се потпираше на сопствено извидување, беспилотни летала и органичени сателитски податоци. Инфомрацијата, исто така, доаѓа по претходните извештаи кои сугерираа дека Кина, иако официјално неутрална, веќе некое време индиректно му помага на Иран низ технолошки и разузнавачки капацитети.
Сателитот ТЕЕ-01Б, кој ги изгради и лансира кинеската компанија Earth Eye Co, го презедоа Воздухопловните сили на Корпусот на иранската револуционерна гарда кон крајот на 2024 година, се наведува во извештајот кој се повикува на тајни ирански воени документи.
Медиумите пишуваат дека иранските воени команданти го насочиле сателитот да ги следи главните американски воени локации, повикувајќи се на временски означен попис на координати, сателитски снимки и стручна анализа.
Сателитот направил фотографии од воздухопловните бази Принц Султан во Саудиска Арабија, ја следел и базата Мувафак Салти во Јордан, како и локации во близина на американската поморска база на Петтата флота во Манама во Бахреин и на воздухопловната база Ербил во Ирак.
