Папа Лав XIV ги повика верниците да не молчат за светските конфликти, туку активно да се залагаат за мир. Во обраќање во Ватикан, тој истакна дека војните создаваат страв, недоверба и ги нарушуваат врските меѓу луѓето.
Во својата проповед во базиликата „Свети Петар“, папата нагласи дека луѓето не смеат да останат пасивни, туку треба да го следат примерот на светците кои се бореле за правда и хармонија.
Тој порача дека мирот треба да биде заедничка цел и дека вредностите на солидарност и разбирање мора да се негуваат.
Папата во изминатиот период остро ја критикуваше војната во Иран и упати апел до Donald Trump да се пронајде решение за нејзино завршување.
Тој порача дека лидерите кои започнуваат војни не можат да очекуваат поддршка од Бога и ги повика на одговорност и дијалог.
