Во најновото истражување на КОД, се открива дека Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, го отвори стечајот на компанијата Соравиа Инвест, спречувајќи наплата на долгови за кредити, даноци и услуги. Истовремено, истражувањето покажува дека преку мрежа на странски фирми Ахмети е директен сопственик на зграда проценета на десетици милиони евра.
Во продолжение, КОД ја расветлува употребата на криптирани пораки преку уредите Скај за откривање дека амбасада на соседна земја во Европа била користена како складиште на кокаин.
Доказите од овие комуникации се веќе дел од судски процеси против криминални групи во Македонија, но праксата е оспорувана од правници и адвокати.
Следете ја целата сторија вечерва во КОД, веднаш по редовните вечерни вести на Телма, за деталите кои ја потресуваат економската и безбедносната сцена во земјата.
