До крајот на мај или почетокот на јуни ќе биде завршена реконструкцијата на пругата од Зелениково, преку Драчево и Лисиче, до Скопската железничка станица, а на 1 септември ќе почне да вози Градскиот воз на оваа рута, велат надлежните, кои извршија увид во реконструкцијата.
По замената на дотраените дрвени прагови, возовите ќе може да возат со проектираната брзина со 80 до 90 километри на час, наместо како сега да се влечат со 20 до 30 километри на час.
Од Зелениково до Центарот на Скопје Градскиот воз ќе треба да стигнува за 25 минути, а возот ќе сообраќа на секој час.
Ќе се набавуваат и нови возови, а возниот ред ќе се координира со автобусите на ЈСП.
