Децениската негрижа на надлежните во централната власт и на скопските градоначалници доведе до тоа скопјани да почнат да стравуваат дека ќе останат без вода за пиење. Но во реалноста опасноста е многу поголема, може да останат и без техничка вода, бидејќи во моментот кога шестовалентниот хром од Јегуновце ќе пробие во изворите на Рашче со таа вода нема да смее ниту да се наводнуваат зелените површини бидејќи ќе се загади почвата.
Во екологија формирана работа група, се чита стратегијата напишана уште во 2024 година, на маса се пет опции. Најприфатливата е дислоцирање на модерна депонија специјално направена во близина на оваа јаловина.
Градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски, предупредува дека многумина во Јегуновце заболеле од канцер токму поради јаловината која е на неколку стотини метри по воздушна линија од првите куќи. Тој е дециден пречистителната станица мора веднаш да се модернизира и да почне со работа а проектот за дислокација веднаш да се стартува.
Од друга страна пак, водоводната мрежа во Скопје, долга речиси шест илјади километри, е стара, дотраена и со многу дефекти.
„Загубата на вода е 64 проценти“, изјави директорот на ЈП „Водовод и Канализација“, Иван Митровски.
Старите цевки се менуваат, но клучот е во урбанизацијата.
„Неколку бунари се изгубени поради непланската урбанизација. Јас тоа нема да го дозволам“, изјави Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје.
Огнен Чанчаревиќ
