Вести Македонија Најважни

„Пред да се фрли од тераса Ивана беше на видео повик со сопругот Стојанче“, сведочеше Саздов

Пред да се фрли од терасата Ивана заедно со нејзината ќерка Катја била на видео повик со нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски кој е обвинет за наведување на самоубиство, нанесување телесна повреда и загрозување на сигурноста. Ова го сведочеше Мартин Саздов, кој бил во врска со Ивана и бил присутен на трагичните настани на 2 март.

Ивана, според сведокот, била многу исплашена и во лоша психичка состојба и дека повеќе не можела да издржи. Стојанче и се заканувал и дека ќе објави јавно експлицитни видеа од неа дека ќе и го земе детето и станот. Пред зградата ја чекале да се спакува и со Катја да ја носат кај мајка и.

  • „Ивана на камера му ѕвонеше. Јас ѕирнав што се случува на телефонот на Стојанче. Ја видов Ивана како стои со Катја во раце на терсата и одма сфатив што ќе направи. Само викнав Ивана немој да си направила глупост. Почнав да трчам накај влезот и само слушнав силен удар” –  сведочеше Мартин Саздов.

Саздов видел дека станува збор за Ивана и Катја и барал помош, а Стојанче според неговите зборови се упатил кон главната улица. На што Стојанче возврати дека немал храброст затоа се упатил во тој правец.

Саздов бил сведок како Стојанче тој ден најпрвин физички ја нападнал Ивана пред работното место, потоа додека се возеле накај суд каде од боксовите и давењето паднала во несвест. Кога пристигнале пред судот Стојанче повторно ја тепал Ивана која повикала полиција за да го пријави.

Полицијата, според Саздов, после поединечниот разговорот со двајцата им рекла сами да си го решат проблемот. Кога тргнале да си одат повторно биле застанати од полицијата дека има нова пријава за закани.

  • „Ја прашав Ивана кој ти се заканува она стоеше со главата надоле и молчеше. И кажав на Ивана кажи им на полицајците кој ти се заканува. Полицајците почнаа да и викаат ако уште еднаш пријавиш ќе ти пишеме казна за лажно пријавување. Им реков на полиајците немој да и пишувате казна оставете ја да си оди,” рече Саздов.

Физичкото насилство врз Ивана се зголемило откако Стојанче како што тврдеше сведокот, сметал дека Саздов и Ивана го наместиле во неговиот автомобил во декември полицијата да пронајде дрога.

  • „Ние никогаш не сме го местеле него. И викаше на Ивана ако одам во затвор ќе искочам ќе те убијам тоа го збореше и претходно. Ивана ми кажа дека Стојанче зборел цело време и претходните денови Стојанче и се заканувал дека кога ќе излезе од затвор ќе ја убие и покажувал пиштол. Ми викаше „не знаеш Мартин каков психопат е ќе не убие“. Јас и реков не се секирај се ќе решат институциите се што треба,” рече сведокот Саздов.

Саздов го запознал Стојаче во 2021 кога заедно се вработил во пожарна и се задружиле. Се одалечил од него кога дознал дека физички ја малтретира Ивана.

Со неа се зближил откако лани во август Стојанче на автопатот пред Штип ја претепал Ивана и ја исфрлил од автомобилот со Катја. Тогаш и започнале врска, а Ивана поднела барање за развод, но потоа го повлекла под притисок и закани од Стојанче.

Ивана, според Саздов, се вратила од кај мајка и да живее со Стојанче во станот, бидејќи не сакала да му го остави на сопругот, затоа што тоа и било единственото нешто што го имала и го заработила.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе