Вести Македонија

Народен правобранител: МВР и центрите за социјални работи потфрлуваат во случаите на фемицид и семејство насилство

Институционални пропусти во случаи на фемицид и семејно насилство, недостаток на шелтери, голем број на претставки кон извршители, бавна процедура пред управните судови и никаков напредок во казнено поправниот систем. Ова се дел од негативните заклучоци во годишниот извештај на Народниот правобранител за 2025 година.

Минатата година канцеларијата отворила девет предмети за семејно насилство и фемицид и утврдила дека реацијата на институциите не е навремена и нема механизми за следење и рана детекција. Првобранителот нагласи дека е неопходна обука на полициски службеници но и на вработените во Центри за социјални работи. Како пример беше посочено убиството на скопјанката во Шуто Оризари пред очите на нејизните деца.

„Утврдивме дека Центарот за социјална работа немал сознанија за состојбата на ова семејството и не знаел за проблемите, додека Министерството за внатрешни работи  излезе со објаснување дека жртвата не сакала кривична постапка, туку само предупредување на сторителот. Сепак, сведочењата од блиските роднини и пријатели беа во спротивна насока – дека претходно имало обиди за пријавување  на насилството, но им било побарано жртвата лично да поднесе формална пријава“, рече Народниот правобранител Фатон Сељами.

Канцеларијата го испитувала случајот со пожарот во Трубарево само за да заклучи дека институциите си ги префрлаат надлежности но и одговорноста. Затоа најавија засилени контроли во текот на оваа година за заштита на животната средина.

Правата на граѓаните се прекршуваат и во општините и во судовите. Лице со 100 отстотен воен инвалидитет кој живеел во државна барака во Стајковци која била уништена во поплавата во 2008 година веќе 15 години бара сместување за неговото семејство.

„Од друга страна, државата преку соодветното акционерско друштво го тужи и против ова лице води постапка за присилна наплата на закупнината иако ниту живеел, ниту пак, ја користел времената монтажна барака“, рече Сељами.

Народниот правобранител минатата година добил 2.400 претставки од граѓани и пренел дополнителни 521 од 2024 година а најголем број од новите претставки вкупно 307 се за повреди на права во правосудниот систем, потоа следат прекршувања на потрошувачките права, работните односи со 219 претставки и прекршување на детските права за што се заведени 198 претставки во 2025 година.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе