Меѓу најдобрите во светот е рангирана Македонија според намалувањето на неонаталната смртност и смртноста кај децата под пет години – се наведува во објавениот глобален извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.
Според извештајот, стапката на смртност кај новороденчиња за неполна деценија е намалена за 87 проценти од 8,1 на 1,1 смртен случај на 1.000 живородени деца, а стапката на смртност кај деца на возраст под пет години е намалена за 75 проценти од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени деца.
