Ацо Ристов и Шамил Реџепи се пријавиле на огласот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ристов е поранешен градоначалник на Радовиш додека Реџепи е вработен во РКЕ.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по одлуката за објавување јавен оглас за именување претседател на РКЕ.
Огласот за претседател на РКЕ беше по оставката на Марко Бислимоски, но тој ќе ја извршува функцијата до изборот на негов наследник.
Во согласност со Законот за енергетиката, по разгледување на пријавите, Комисијата за прашања на изборите и именувањата му предлага на Собранието предлог-кандидат за именување претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
