Вести Македонија Топ вести

Наместо по 200 евра, за функционерите по 200 денари повисока плата

Наместо по 200 евра, највисоките функционери, премиерот, собранискиот спикер и претседателот на државата ќе добијат по 200 денари покачување на платата. Со намалување на коефициентот за пресметка на платата од 3,47 на 3,17, наместо по 140.675 денари, сега ќе добијат по 140.468 денари. Со намален коефициент од 2,85 на 2,60, министрите, пак, ќе добијат по 13 денари повисока плата, односно наместо по 115.578 денари, ќе земат 115.565 денари.

Слична е сумата и за пратениците кои прифатија да се изменат неколку закони и да се корегира  коефициентот со што се спречува автоматското зголемување по усогласувањето со просечната плата. Со оглед на тоа што просечната плата минатата година е зголемена за 9,6 проценти, платите на над 1.000 функционери требаше да пораснат за 200 до 300 евра.

„За пратениците и функционерите во извршната власт ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар, за судиите и јавните обвинители предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да бидат во корелација со реалните економски можности на државата, додека за градоначалниците предлагаме нова скала на коефициенти, зависно од бројот на жители во општините“, појасни Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените се опфатени и платите на судиите, на обвинителите, на членовите на судскиот и на јавнообвинителскиот совет и на градоначалниците. Од сите нив, против мерката реагираа само обвинителите.

„Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години наназад не им се исплаќаат поради недостиг на средства во Буџетот. Со оглед на неспоивоста на обвинителската функција со друга дејност, платата е единствен приход на јавните обвинители, а таа е апсолутно најниска во регионот и се движи од минимални 90.000 до максимални 130.000 денари“, реагираа од Здружението на јавни обвинители.

Ова е трето намалување на бодот за сложеност, откако Уставниот суд пред три години ја одмрзна основицата и сега како расте просечната плата, така секоја година енормно растат и платите на функционерите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе