Вести Македонија Топ вести

Плаќање на главниот долг, а не богатење на адвокати, нотари и извршители – КСОМ бара повлекување на Предлог-законот за извршители

Средба со министерот за правда Филков и повлекување на Предлог-законот за извршители кој што во моментов е на ЕНЕР, бараат од Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ)„. Сите нивни забелешки и предлози да бидат вклучени во овој закон, затоа што со години наназад се потврдува дека истиот најмногу ги засега работниците и ранливите категории граѓани.

„Имаме примери за градски паркинг за 50- 60 денари за граѓани од Куманово за кое им дојде извршно решение за 17.000 денари. Се прашувам дали ова Министерство е за правда или за неправда. Еве министерот е две години на власт и се прашувам дали го слуша гласот на народот“, изјави Марјан Ристевски, претседател на КСОМ.

Бараат доверителите директно да ги доставуваат решенијата на граѓаните кои должат, не преку нотари и адвокати кога сумата се зголемува неколкукратно. Во однос на честите забелешки дека адвокатите не можеле да ги најдат должниците на домашната адреса, во тој случај да се користи системот „Безбеден град“ кој покажува дека и тоа како може да се најдат.

„Тука се работи за, верувајте, милионски суми на пари. Има некаде околу 200.000- 300.000 предмети. Замислете која сума на пари е тоа. Ако граѓанинот должи сега сметка од 1.000 денари, да плати една нормална сума од 1.500 денари. Зошто овие дополнителни трошоци? – Законот за извршување треба да биде граѓанинот да си го плати главниот долг, а не да ги богатиме адвокатите, нотарите, изршителите, трошоци, глупости да измислуваме“, додава Ристевски. 

Да бидат разгледани застарените предмети преку 20-30 години и ако мора да се плати, тоа да биде главниот долг, вели Ристевски. Доколку не бидат земени предвид нивните забелешки, тие најавија протести.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе