Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за дел од нив е определена мерка притвор.
Осомничени се дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија за Србија. Министерот Тошковски денеска се појави во интервју и објави детали за истрагата.
-Во текот на денешниот дени ќе се отпочне со поднесување кривична пријава до ОЈО за гонење организиrан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица. Од нив двајца се веќе во притвор. Овие 10 лица се директно, или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава. Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „ТВ 21“, што е прво негово појавување во јавноста каде одговара на прашања за петте тони марихуана откриени во Србија на крајот на јануари.
Телма дознава: Истрага за 6 лица осомничени се 10 лица за петте тони марихуана откриени во Србија
