Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Истрага за 6 лица за петте тони марихуана откриени во Србија

Двајца осомничени кои веќе беа во краткотраен 48-часовен притвор под сомнение дека учествувале во транспорт на марихуаната од Македонија во Србија доцна попладнево беа изведени пред судија на претходна постапка кој им определи нова мерка од 30 дена притвор по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според сознанија на Телма, со истрагата се опфатени 6 лица во кои се и двајцата веќе притворени. Сите се осомничени за учество во прекуграничен транспорт на марихуана. Истрагата е отворена откако во Србија во селото Коњух беа откриени 5 тона марихуана за кои српското обвинителство тврди дека се донесени од Македонија.

МВР пак привело вкупно 10 лица по поднесената кривична пријава против нив, но само за 6 е отворена истрага.

-Во текот на денешниот дени ќе се отпочне со поднесување кривична пријава до ОЈО за гонење организиrан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица. Од нив двајца се веќе во притвор. Овие 10 лица се директно, или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава. Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „ТВ 21“, што е прво негово појавување во јавноста каде одговара на прашања за петте тони марихуана откриени во Србија на крајот на јануари.

Обвинителството пак според досега прибраните докази утврдило дека за 6 осомничени може веднаш да се отвори истрага по што ќе следуваат други истражни активности за осомничените кои досега не се изнесени пред судија за претходна постапка.

По заплената кај нашиот северен сосед беше спроведена акција, најпрво во скопската „Алфафарм“ од каде беа одземени над девет тони, бидејќи нејзиниот ко-сопственик Иван Драгниќ беше уапсен во Србија, а потоа уште над 30 тони од две фирми во струмичкиот регион.

Како што веќе беше објавено во емисијата КОД на Телма, при заплената на марихуаната во селото Коњух кај Крушевац, во Србија биле откриени и оригинален печат на скопската фирма Алфафарм како и тефтер со листа на пратки на канабис меѓу кои била спомната и Македонија. Првичните сомнежи се дека марихуаната од Македонија кон Србија била носена во првата половина на јануари со камион кој ја минал границата со декларација дека од внатрешноста на Македонија кон западно-европска држава носел лесна текстилна стока за домаќинство, објави КОД.

Миомир Серафиновиќ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе