Вести Македонија Топ вести

Тешко повредено 4-годишно дете- го удрил автомобил кај пазарчето во Драчево

Четиригодишнп дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Драчево. Вчера попладне околу 17 часот, детето било удрено од автомобил „фолксваген туран“ во близина на локалното пазарче. Детето веднаш е префрлено во болница, a во моментот е згрижено на Клиниката за детска хирургија.

Во продолжение известувањето на МВР за несреќата:

На 16.02.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

(видео)Две млади срнички пресретнати на Шар планина – препорака при ваква средба не го допирајте животното

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе