Вести Економија Македонија Топ вести

Узунов во „Топ Тема“: Моделот на ниски плати е завршен, фирмите мора да инвестираат во луѓе и знаење

Според професорот Ванчо Узунов, клучниот предизвик за домашната економија е пронаоѓање и задржување мотивирана домашна работна сила.

„Времето кога ниските плати беа конкурентна предност за Македонија и начин за опстанок на фирмите е завршено. Прашање е на часови, а не на денови. Компаниите мора да прифатат дека треба да најдат квалитетна работна сила, да ја обучат, да ја платат соодветно и да ја задржат со договори, инвестиции во опрема, знаење и професионален менаџмент“, истакна Узунов.

Тој посочи дека семејното управување со фирмите, како наследство од приватизацијата, сè уште претставува кочница за развојот.

„Не мора фирмата да ја води семејството. Постојат професионални менаџери кои можат успешно да управуваат со компаниите. Тоа е една детска болест на системот која мора да се надмине, во спротивно за кратко време голем дел од овие фирми ќе исчезнат“, предупреди професорот.

Узунов нагласи дека платите треба да ја следат продуктивноста на трудот, но и дека платата не е само економска, туку и значајна социјална и мотивациска категорија.

„Сериозни анализи покажуваат дека Македонија заостанува зад просекот на Европската Унија и по продуктивноста и по платите, но повеќе по платите отколку по продуктивноста. Тоа значи дека има простор за зголемување на платите, што дополнително може да ја поттикне продуктивноста“, рече Узунов.

Според него, бизнис-моделот заснован на ниски плати и користење застарена или половна опрема заради опстанок на пазарот е веќе минато.

„Реформите, особено микро-реформите во компаниите, зависат од мајндсетот на оние што управуваат. Многумина не сакаат да излезат од комфорт зоната, но неизлегувањето од неа и непратењето на технологијата води кон затворање на фирмите“, заклучи професорот Узунов.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Дејан Дејан

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард

Дејан Дејан

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе