Вести Економија Македонија Топ вести

Димитров: Качувањето на минималната плата ќе има негативни последици како пад на продуктивноста и отпуштање на одреден број на работници во компаниите

Во вечерашната Топ Тема дебатираа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, со Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи и Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати.

Министерот за економија Дурмиши истакна дека Владата досега постигнала договор во делот зголемување на платите на вработени во администрацијата, со која ќе се опфатат околу 11 илјади вработени.

„Дијалогот може да се постигне кога има подготвеност од сите страни. Постигнавме со образование, здравство, во МВР, во одбрана и сега на крај го заокружуваме скоро целосно“, рече Дурмиши. 

Од друга страна Ангел Димитров кој е претседател на Организацијата на работодавачи истакна дека е познат фактот дека минималната плата никогаш не треба да се гледа како номинален износ и да се споредува во нето или бруто со друга држава, бидејќи државите се наоѓаат во различен степен на економски развој. Тој наведе дека, ако се качи платата по барањата на ССМ тогаш тоа би предизвикало негативни последици на економијата во државата.

„Кои се негативните последици ако минималната плата отиде на повисоко ниво? Прво оние компании кои работат на домашен пазар и немаат голема конкуренција наједноставно ќе мора да ги качат цените на нивните производи или услуги што ќе влијае на инфлацијата. Оние компании кои работат за странски пазари што не можат да ги качат цените како што тие сакаат, бидејќи странецот нема да ги прифати тие трошоци ќе има две можности – да ги качат најниските плати додека да не ги качи другите плати и ќе се создаде демотивираност и дополнително ќе влијае на падот на продуктивноста. И оние компании кои нема да можат да го издржат покачувањето поради конкуретската способност ќе мора да го намалат бројот на работници и на крај да ги затворат компаниите“, изјави Ангелов. 

Трендафилов кој е претседател на Сојузот на синдикати на Македонија истакна дека досега требало да создаде разбирање за потребите на работниците.

„Минатата година исто протестиравме  за покачување на минималната плата. Пробавме и по пат на социјален дијалог“, истакна Трендафилов. 

За утре ССМ најави блокади во обид да го зголеми притисокот и да се избори за што е можно поголемо зголемување на минималната плата од законски предвидените 1.600 денари.
Први на списокот на синдикалците се пратениците во Собранието, бидејќи тие една година го блокирале законот за минимална плата и исплатата на додатоци за храна и превоз.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе