Вести Македонија Топ вести

Шилегов во Топ Тема: Темата дека овој конгрес ќе биде успешен или неуспешен е лажна

СДСМ пред нов партиски конгрес. Чин на обединување и зајакнување или ново подвојување и пребројување: кој е одговорен за поразите, за идеолошкото обезличување, кому му е при срце партијата, а кому личните кариери и позиции, кои се се стечајните управници, а кои лажните доверители? Ќе се спаси ли СДСМ од самиот себе? И како: со судир на концепти или со озборување по социјални мрежи? Во Топ Тема вечерва, интервју со Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје, екс- пратеник и функционер на СДСМ.

  • „Ниту јас лично, ниту луѓето на кои им значи СДСМ не треба да работат против партијата, рече Шилегов, кој истакна дека „темата дека овој конгрес ќе биде успешен или неуспешен е лажна“.

Според него ако успее конгресот ќе биде само верификација на она што го нарекуваме „погрешни политики“ кои се водат во изминатиот период.

Шилегов рече дека ова ќе биде трет неуспешен конгрес по ред, по еден неодржан, истакна дека немало отчетен конгрес за причините по исходот на изборите во 2021, како и по парламентарните избори 2024.

  • Соред сознаијата што ги имам до делегатите и општинските организации се уште не се пристигнати конгресните материјали и заклучоци, рече Шилегов.

Тој смета дека е очигледно дека неколку одлуки се донесени во тесен партиски круг на неколку луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Милошоски контра Левица: Одбиваат да се потпишат како ко-предлагачи на Изборниот законик иако се прифати нивниот предлог за распредeлба на буџетски пари до партиите

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе