Вести Свет Топ вести

„Еуроњуз“: Политичката партија на Радев може да донесе промени и во надворешната политика на Бугарија

Појавата на нова политичка партија предводена од поранешниот претседател Румен Радев би можела значително да ги промени не само внатрешните работи на Бугарија, туку и нејзината надворешна политика.

Ова се наведува во анализата на „Еуроњуз“ по оставката на Румен Радев.

  • „Ставот на Радев за војната во Украина остро се разликува од оној на претходните влади. Поради оваа причина, аналитичарите и противниците често го нарекуваат „проруски“. Во својот последен говор, Радев се осврна на ова прашање, наведувајќи: „Во име на својата политичка иднина, некои политичари го ставаат во опасност мирниот живот на Бугарите во позадина на опасна војна во близина на нашите граници, па дури и се засегнуваат по граѓанскиот и етничкиот мир што вие и јас ќе го зачуваме и покрај нивните провокации“, пишува и Еуроњуз.

Порталот и го пренесува следниов цитат од поранешниот шеф на државата: Конечниот раскол меѓу Бугарите и политичката класа дојде со одбивањето на Народното собрание да одржи референдум за датумот на воведување на единствената европска валута. Претставниците на народот му го одзедоа на народот правото на избор, пренесува БГНЕС.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев својата оставка ја најави на вонредно телевизиско обраќање доцна синоќа.

Тој најави дека оставката официјално ќе ја достави денеска, нагласувајќи дека ова е негово последно обраќање до јавноста како шеф на државата.

Оставката доаѓа во период на длабока политичка криза и предвремени парламентарни избори, а во јавноста сè почесто се шпекулира дека Радев се подготвува да формира и предводи сопствена политичка партија.

Во говорот, тој остро ја критикуваше политичката елита, корупцијата и, како што рече, „олигархискиот модел на управување“, обвинувајќи ги институциите за падот на довербата кај граѓаните.

По официјалното поднесување на оставката, функцијата претседател треба да ја преземе потпретседателката Илијана Јотова до истекот на мандатот на крајот од годината.

Радев изрази уверување дека таа ќе ја води државата одговорно, додавајќи дека Бугарија се наоѓа на „пресвртница“ и дека претстои битка за иднината на земјата.

Румен Радев е петтиот демократски избран шеф на државата на Бугарија. Првпат беше избран за претседател во ноември 2016 година, а повторно избран во ноември 2021 година. Во јануари 2026 година, Радев влегува во својата последна година од „Дондуков“ 2. Подоцна оваа година треба да се одржат редовни претседателски избори, а новоизбраниот шеф на државата треба да положи заклетва во јануари 2027 година.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Марија Ангеловска ја доби наградата „Енхалон“, а Лју Јуе „In vino veritas“ на Струшките вечери на поезијата

Дејан Дејан

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе