Вести Македонија Топ вести

Акција во Батинци, полицијата бара криминалец од потерница- нема официјална потврда дали е во прашање бегалецот и убиец на офицер на АРМ

На повеќе локации меѓу кои и во Батинци, полицијата е во потрага и обид за апсење на бегалец осомничен за тешки кривични дела, потврди МВР. Повеќе полициски тимови се на терен во Батинци, родното место на бегалецот кој е осомничен за две убиства.

-По претходно добиена информација, надлежни полициски служби при МВР денеска делуваа на подрачјето на Скопје, со цел лишување од слобода на лице, по кое е распишана национална и меѓународна потерница за тешки кривични дела. Активностите продолжуваат на терен со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лицето од висок интерес, велат од МВР.

Според сознанија на Телма, потерата е по Џавит Муса припадник на кланот Беланоца кој е во бегство и во јули изврши убиство на жител на Батинци (офицер на АРМ) поради несогласување и обид насилно да ја венча  ќерката на убиениот. Претходно е осомничен за друго убиство.

Ново убиство извршено од бегалец на потерница- застрела офицер на АРМ и избега, работел и пукал за кланот Беланоца, добивал слободни „излети“ од затворот Шутка 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

СДСМ: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем

Дејан Дејан

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе