На последното рочиште во судницата доживеавме нешто што не смееме и неможеме да го прифатиме, едно големо разочарување од страна на судот, порачаа семејствата на загинатите млади луѓе на денешниот 46 ти Марш на ангелите во Кочани, кој почна во Паркот на револуцијата.
Пред Основниот суд во Кочани поставија и прашање како ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите и дали со нивното изведување и начин на презентирање им станува јасно на обвинетите дека се открива се што имаат направено за да настане трагедијата.
Реагираа и што судот искажал непочитување и дал укор кон нив, кои даваат поддршка на обвинтителката.
- Кон кого е потребно да се обратиме за контрола и правилен тек на судењето? Дали во оваа држава постојат надлежни за да не дозволат и овој судски процес да заврши со однапред договорен исход, позадински влијанија, прикривање на вистината наместо правда пред законот? Дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур? На последното рочиште не видовме борба за утврдување на вистината туку се уверивме колку лесно во судница центарот на вниманието може да биде дозволен бунт – реакција за заштита на обвинетите од вистината – рече Александар Наунов татко на Надица Наунова.
Тој праша дали ова ќе се применува и откако обвинетите ќе ги изведуваат своите докази и на нив оштетените ќе им дозволи судот да се оттргне вниманието од суштината и од нивната теза.
- Напуштањето на судницата од страна на оштетените е поддршка на обвинителката Наташа Сарамандова и обвинителството, а ние нема да се откажеме и понатаму да го следиме секој момент, секоја неправда и ќе се бориме до последен момент за вистината!, рече Наунов на денешниот Марш на ангелите.
Нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата
