Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговиот предлог ќе биде листата со која ќе се кандидира на претстојните избори да се вика „Единствена Србија“, објавија вечерва срспките медиуми.
На митингот „Србија едно семејство“ пред Народното собрание, тој рече дека ќе биде претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесе оставка.
- „Ова се моите последни денови и последни недели како претседател на Републиката. И бескрајно сум ви благодарен за вашата огромна поддршка, за вашата огромна љубов, бидејќи без вас никогаш не би можел ништо да направам. Ви благодарам бескрајно што ги разбирате тешките чекори што мораше да ги преземеме“, нагласи претседателот.
„Им кажав на претседателот и раководството на СНС дека на претстојните избори, ако го побараат тоа и го сакаат, ќе ви помогнам заедно да ја добиете довербата на народот и дека можеме да постигнеме сè за што зборував во следните четири години. Мојот предлог е нашата листа на претстојните победнички избори да се вика „Обединета Србија“. Тоа е најубавото мото што можеме да го имаме. Нема ништо поубаво, да можеме да ја ставиме цела Србија под името на една листа. На оние кои ни се закануваа со двотретинска поддршка, дека ќе ги препливаме Сава и Дунав, сакам да им кажам, ако го направиме тоа правилно, тогаш верувам дека ќе ги победиме поубедливо од кога било досега“, рече Вучиќ.
Тој најави дека ќе помилува многу луѓе во наредниот период.
- И наши и нивни, бидејќи сите се наши. Ние сме едно семејство, ние сме Србија. Нема да можам да ги помилувам сите, оние што ги извршиле најтешките дела, но сите оние што извршиле некои дела од незнаење, небрежност или случајност, ќе ги затворам очите и ќе покажам дека мора да бидеме единствена и обединета Србија – нагласи Вучиќ.
Тој им рече на граѓаните дека ќе слушнат нов план во понеделник и дека пензионерите ќе бидат многу задоволни од новите мерки.
