СДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија. Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка. Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност, велат од владеачката ВМРО – ДПМНЕ.
- Според нив лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува како тие обврски да започнале вчера. Нивното однесување во Собранието јасно ја покажува разликата меѓу реториката која доаѓа од нивните прес-конференции и реалноста. Не ги гласаат реформските закони, бегаат од работните групи, а сега и се обидуваат да го забават реформскиот процес.
