Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела сега е 1.430, а повеќе од 3.240 се повредени.
Ова е најкатастрофалниот настан што го претрпела земјата во последните 123 години.
Спасувачите брзаат да ги извлечат преживеаните додека 72-часовниот прозорец се ближи кон крајот.
Еден од најемотивните моменти беше спасувањето на новородено бебе, бројот на исчезнати надмина 51.000.
Недостатокот на помош го зголеми очајот на семејствата, бидејќи е неиздржлив притисокот да се најдат закопани преживеани со секој изминат час. Забрзано пристигнува и меѓународна помош.
Од ОН информираат дека со пристигнувањето на тимови од Русија, Украина, Америка, Европа и Блискиот Исток, „политиката во овој момент паѓа“, моментално се распоредени 39 спасувачки екипи, кои имаат 111 кучиња спасувачи.
Венецуелските власти објавија дека ќе го блокираат пристапот до Ла Гваира, епицентарот на замјотресот, бидејќи хаосот и сообраќајот почнаа да влијаат на напорите за пребарување. Владините претставници изјавија дека оние што сакаат да влезат сега ќе мора да бараат официјални дозволи.
Меѓу настраданите има и голем број странски државјани, загинале 28 португалски државјани, седум кинески , а шпанските медиуми објавија дека пет нивни државјани настрадале во земјотресот, додека 119 се водат како исчезнати. И Бразил и Италија јавуваат за настрадани нивни државјани.
Билјана Ставрова
