Вести Култура

СКРМ: Упатството за пресметка на платите во културата е соломонско решение

Според министерството за култура и туризам незаконското упатство за пресметка на платите во културата, испратено само со потпис на министерот Љутков, е единствен начин да се пресметаат платите на вработените. А, како изговор ја наведуваат невграденоста на зголемувањето од 10% во коефициентите по работно место, утврдени со членот 66 од Колективниот договор за култура. Вака денеска реагираа од Синдикатот за култура на Македонија, на вчерашната реакција од министерството, дека зголемувањето на платите за 10% во септември 2023 година не било вградено во коефициентите по работно место, па поради тоа секоја објава за нова минимална плата предизвикувала зголемување на износот на минималната бруто плата за 10% и создавање нова минимална бруто плата што отстапува од објавената, согласно закон.

„Со ова министерството за култура најверојатно сака да пласира некоја теза дека ова зголемување на коефициентите од 2023 година , за 10% СКРМ го одбил како предлог на министерството. И дека сега токму ова упатство што е донесено претставува соломонско решение за пресметка на платите“, вели Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Зголемувањето на коефициентите по работно место не било споменато во предлогот од 2023 година, за потпишување Анекс на Колективниот договор за култура . Синдикатот сепак го одбил предлогот бидејќи увидел дека под маската за правилна пресметка на платите се отвора простор за незаконски дејства. А, пресметката на плати во упатството доставено до институциите од културата за оваа година , е доказ дека лани во април ресорот незаконски ги скратил платите за 3%, вели Атанасовска .

Некоментирањето од министерството за култура и туризам на 15 судски пресуди во корист на СКРМ, поради ланското кратење, без почитување на Општиот колективен договор за јавен сектор, за Атанасовска е доказ дека министерството постапило незаконски. Проблемот не треба да се игнорира, туку да се реши, дополнува претседателката на Синдикатот за култура.

Од министерството велат дека до нив не стигнал документ со кој се потврдуваат тврдењата на СКРМ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе