Осум бебиња за само 11 месеци – пожарникарската станица во Нашице во Хрватска доживеа вистински бејби-бум. Од гаснење пожари до гушкање новороденчиња, овие херои покажаа дека не само што спасуваат животи, туку и ги создаваат.
Во рацете на пожарникарите се нивните деца кои носат бодиња со натпис: „Тато гаси пожари, а јас палам срца“.
Еден татко пред камерите на РТЛ рече: „ Татковците палат срца, неее, хахаха“.
По тешки интервенции,и долг работен ден, со поддршка од нивните сопруги и разбирање од командантот, најубавиот момент за нив е кога дома бебињата ќе заспијат во нивните раце.
View this post on Instagram
