Uncategorized Вести Македонија

Дали и кој му издал дозвола на Зимзоленд поради кој настана сообраќаен хаос во Лисиче?

Освен рингишпилот на лунапаркот, во круг се вртат надлежните кој издал дозвола, а кој треба да ја контролираа работата на Зимзоленд. По реакциите на околните жители, Телма се обрати до организаторот на забавниот парк, кој потврди дека имал договор за закуп и дозвола за работа од општина Аеродром. Но, оттаму негираат за одговорност. Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески вели дека станува збор за приватен објект и тие како општина можеле само да му укажат да го среди просторот да не биде запуштен. Додека за дозвола за поставување на опрема посочија дека е надлежен Град Скопје. Од градот пак за Телма велат дека тие немаат дадено дозвола бидејќи тоа е надлежност на општината Аеродром. Додека одговорните бегаат од одговорноста, не стивнува атмосферата. Музика и детска смеа во Зимзоленд во Лисиче. Најмалите уживаат и велат дека сакаат пак да дојдат.

 „Јас во Зимзоленд си поминав многу убаво. Овде бев и минатата година и си поминав прекрасно. Сакав да ги пробам сите работи, но не успеав. Се надевам дека другиот пат кога ќе дојдам ќе си поиграм повеќе. Би им препорачала на моите другарчиња да дојдат овде за да си поминат убаво“ , раскажуваат најмалите.

Но, додека децата си играат и се забавуваат, за нивните родители паркингот е голем проблем. Во околината на Зимзоленд се создава вистински сообраќаен хаос, особено во вечерните часови.  Возила паркирани по тротоарите, по коловозните ленти, па дури и на тревникот кај детското игралиште. Станарите од околните згради алармираат дека паркинзите им се блокирани и дека навечер не можат ниту да влезат во сопствените маала. Во МВР поставивме прашања дали дел од возачите се казнети и како планираат да се справат со хаосот, но засега нема одговор. Зимскиот парк ќе работи до почетокот на јануари.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апасиев: Левица ќе го блокира Изборниот законик, консензус не е постигнат за пет клучни прашања

Igor Trajkov

Се помалку време за пронаоѓање преживеани во земјотресот во Венецуела

Дејан Дејан

Мицкоски лично го води процесот за следење на цените и потрошувачката кошница, анализира над 600 производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе