Вести Свет

Макрон: Мировен план може да биде склучен само со одобрение на Зеленски и на Европа

Планот за мир меѓу Русија и Украина може да биде склучен единствено со учество на Киев и европските партнери во преговорите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз.

Тој додаде дека клучните елементи на идниот договор, како што се замрзнатите руски средства, безбедносните гаранции, европските санкции и процесот за пристапување на Украина кон Европската Унија, можат да бидат договорени само со учество на европските земји. – Сè уште сме во прелиминарна фаза, изјави францускиот претседател.

Макрон го коментираше и корупцискиот скандал во Украина, кој доведе до оставка на високиот претседателски советник Андриј Ермак, нагласувајќи дека Париз нема намера да ја поучува земјата.

„Додека даваме пари и поддржуваме воени напори, нормално е да бараме. Но, забележувам дека борбата против корупцијата функционира, бидејќи се носат одлуки, а некои од нив се политички. Дали е наша улога да ѝ даваме лекции на Украина? Не баш. И ние сме имале слични скандали“, рече Емануел Макрон.

Според францускиот претседател, во Русија нема антикорупциски механизми бидејќи таму има „вистинска диктатура“ и нема независни тела кои би се занимавале со коруптивни случаи, додека во Украина, барем, тие механизми работат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе