Вести Свет

Одлучно гонете ги корумпираните политичари, ако сакате во ЕУ – Брисел со порака до Украина

Киев мора одлучно да тргне во казнено гонење на корумпираните политичари, ако Украина сака да се придружи на Европската Унија, предупреди висок службеник во Брисел. Пораката доаѓа во време на растечки притисок врз украинскиот претседател, Володимир Зеленски поради сè побројните обвинувања за корупција во неговиот потесен круг, пишува „Политико“.

Во интервју за порталот, европскиот комесар за правосудство Михаел МекГрат порача дека европските власти нема да поддржат влез на земја кандидат како Украина во ЕУ, доколку не докаже дека има ефикасен состав за искоренување на криминалот во самиот државен врв.

МекГрат одговораше на прашања за завера за проневера на околу 100 милиони долари од украинскиот енергетски сектор. Истрагата се шири и опфаќа високи функционери блиски до Зеленски и неговата влада. Кратко по изјавата на МекГрат, истражители за борба против корупција извршија претрес во простории на еден од најмоќните луѓе во Украина, Андреј Јермак кој потоа поднесе оставка на функцијата.

Комесарот МекГрат нагласи оти истите правила се применуваат за сите кои сакаат да станат дел од Унијата. и додаде дека „владеење на правото и реформи во правосудството се срцето на процесот на придружување“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе