Реката Пчиња се излеа на подрачјето на селото Пелинце, кај Меморијалниот центар АСНОМ и бањата Стрновац, поради обилните врнежи од дожд, информира ЦУК – Куманово. Водата засега не зафати куќи ниту викендици, но кај Коински мост се забележани насобрани дрвја кои го попречуваат нормалниот проток. Под влијание на силниот Џеновски циклон, во последните 72 часа најмногу дожд е измерен во Лазарополе – 104 литри на метар квадратен, додека во повеќето западни градови врнежите надминуваат 60 литри. Метеоролозите предупредуваат дека врнежите ќе продолжат и во следните денови, па јавноста се повикува да ја следи состојбата и препораките на надлежните служби за безбедност.
Поради обилни врнежи се излеа реката Пчиња
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
