Вести Економија Македонија Топ вести

МАПАС: Мулти фондови за повисоки примања од вториот пензиски столб

Преку мулти фондови до повисоки приноси во вториот пензиски столб за граѓаните. Ова е клучната реформа која МАПАС државната агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Овој систем постои во неколку држави во регионот, а во Македонија законската рамка е поставена уште во 2013 година, а според експертите во МАПАС сега има и политичка волја за реализација.

Со имплементирање на реформите од МАПАС сметаат дека се постигне поголема добивка на осигурениците односно стабилни и повисоки пензии во иднина.

Од МАПАС се децидни дека инвестирањето, односно оплеменувањето на средствата се врши по строги законски регулативи, прописи и стандарди. Вториот пензиски столб располага со 3 милијарди евра, со годишен раст од 5 проценти и тоа покажува на разумно инвестирање, а столбот опфаќа над 626.000 граѓани и претставува втор најголем сегмент на финансискиот систем по банките.

Кога станува збор за исплатите на пензиите од вториот столб постојат три модели, програмирано повлекување, ануитети и комбиниран модел но во пракса функционира само првиот – програмирано повлекување. МАПАС, Владата и Светската банка се во потрага по нови механизми кои ќе го намалат ризикот граѓаните да ги исцрпат средствата и ќе го направат системот поодржлив.

Од МАПАС сметаат дека ад-хок зголемувањата на пензиите кои ги спроведе Владата негативно влијаат врз останатите столбови кои не може да го постигнат тој раст преку сигурно инвестирање на средствата.

Според пресметките, првите поголеми исплати на пензии со вклучени ануитети од вториот столб ќе почнат во јануари 2029, кога над 12.000 пензионери ќе примаат пензија од двата столба.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе