Вести Македонија Топ вести

Линеарното зголемување на пензиите пред уставен суд – на сопствена иницијатива ќе проверува дали е правично

На оценка зголемувањето на септемвриските пензии за илјадарка, а во прашање и илјадарката која пензионерите треба да ја земат дополнително на пролет. Уставен суд на сопствена иницијатива ќе преиспитува дали зголемувањето од вкупно 2.000 денари е во согласност со уставот. Судот одлучи да отвори предмет за линеарното покачување, бидејќи смета дека се повредени правата на пензионерите и тоа со последните измени на законот кои ги донесе власта. Спорно е тоа што во членот, кој е изменет при пресметката на покачувањето, не се води сметка за должината на работниот стаж, за висината на пензијата и придонесите кои се плаќани.

„Уставниот суд во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот член 2 ги нарушува уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии“, информира Уставниот суд.

Измените ги донесе Собранието на крајот на јули, а повисоките пензии на пензионерите и беа исплатени од 1 септмеври, а следното линеарно покачување требаше да биде на 1 март. Пресметката за начинот на кој ќе се добие линеарното покачување пропишано со новиот член е сомнителна за судот.

„Со поведувањето на постапка за оценување на уставноста на оспорениот член, Уставниот суд ќе испитува дали законското решение е оправдано и во доволна мера избалансирано“, додаваат од Уставен. 

Предлогот е на судијата известител Добрила Кацарска, а бил прифатен од мнозинството судии. Претходно на пензионерите линеарно им беа зголемени пензиите во два наврата за вкупно 5.000 денари, но ова веќе е застарен предмет. Со измените на законот е вметна одредба и дека пензиите се исплаќаат на територијата на државата. Оние кои живеат во странство ја оспорија ваквата одлука па уставниот суд и за ова има добиено иницијатива за која допрва ќе одлучува.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Данска ќе распореди војници на редовна воена служба на Гренланд

Sasko Dimovski

Ацевски: За една година 259 лица злоупотребиле 18,4 милиони денари од државата, дадовме препорака за издавање на решенија за поврат на средствата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе