Вести Македонија

Фалсификувани банкарски гаранции во фирмата „Тритерол“

Финансиската полиција пронашла 19 фалсификувани банкарски гаранции кои компанијата „Тритерол” ги употребувала во разни институции за да добие или учествува на тендери за јавни набавки. На тој начин оваа скопско-неготинска фирма направила незаконски профит од околу милион евра -дознава Телма од извори во истрагата. Фалсификуваните 19 банкарски гаранции се употребени при тендери во 12 јавни и државни институции.

Банкарската гаранција била услов за навремено и квалитетно исполнување на условите за јавната набавка… Фирмата „Тритерол“ е во сопственост на Љупчо Пецов викан Ѓаволот кој беше во бегство и на потерница во рамки на истрагата „Синџир“ за даночни кривични дела. Иако беше на потерница, Телма веќе објави дека Пецов слободно се шеташе по Скопје.

Фирмата „Тритерол петрол“ беше поврзана со фирмите „Ангел петрол“ и „Алма транспорт“  познати во случајот „Керозин“  од 2012 година за точење помало количество нафта отколку предвиденото со договорите за јавни набавки. Штетата предизвикана во буџетот, според тогашното обвинение беше речиси 3 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе