Вести Македонија

(видео)Маглешов, Малиновски и Митровски дебатираат во Топ Тема: Ефикасна правда или долг и неизвесен процес

Почна судењето за несреќата во т.н. кабаре “Пулс”. Кои се очекувањата на јавноста, а кои процесните предизвици ? Ефикасна правда или долг и неизвесен процес?

Во Топ Тема Боби Христов дебатираше со адвокатите Драган Малиновски и Јанаки Митровски и новинарот Васко Меглешов.

Меглешов истакна дека ова судење е судење на емоции. Денеска видовме дека има правни компромиси, во основа тоа беше и очекувано со оглед на големиот број на обвинети и уште поголемиот број на оштетени.

  • Во основа ние разговараме за два концепти, еден е правниот, а другиот е правдата. За мене и за вас правда може да значи нешто различно, меѓутоа судот мора да овозможи услови за едно фер судење во коешто емоциите како такви ќе постојат, но ќе овозможи постапка тоа да не влијае на донесувањето на одлуката односно на правораздавањето како такво, рече меѓудругото Васко Меглешов, новинар.

Адвокатот Драган Малиновски истакна дека на прво место е судот, кој треба да овозможи спроведување на нормална кривична постапка каде што, како што кажа денеска судечкиот судија „ќе овозможи на двете страни и обвинителот и обвинетите да можат да ги изложат своите аргументи и да биде спроведена постапката“.

  • Седнати на обвинителна клупа се 35 обвинети, јас мислам дека всушност на обвинителна клупа е седнат само еден, а тоа е системот во РМ кој е хаварисан по многу основи и кој фактички го продуцираше овој настан. Едноставно затаиле многу нивоа на функционирање на институциите како на локално, така и на централно ниво и мислам дека се га треба да се свестиме дека ова всушност е судење на системот, на корумпираниот систем на нефункционалниот систем и како таков, истакна Драган Малиновски, адвокат.

Според адвокатот Јанаки Митровски пред се е судот на тест од причина што од организационен аспект судењето е предизвик, а исто така и од квантитативен аспект е предизвик да се менаџира но, фер е да се каже за пошироката јавност особено на семејствата на загинатите дека ова ќе биде процес којшто прилично ќе трае, значи во години се мери колку ќе трае во прв степен.

  • Колку и да е оптимист претседателот на совет, но не се согласувам со тоа дека ќе трае пет месеци најдолго затоа што самиот обем на доказниот материјал, самиот број на обвинети, број на оштетени, да не заборавиме дека со листи на докази излегуваат и сите адвокати, како и законската одредба за којашто е најавено дека ќе има измени, имено дека после 90 дена ако има рочишта а не се отвори главна расправа, судењето може да почне од почеток, тогаш може да се очекува дека ова ќе биде маратонски процес, истакна Миторвски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе