Судот не гарантира брзина, туку непречено судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, правдата можеби ќе дојде за пет месеци, можеби за пет години. Вака судијката Диана Груевска Илиевска го почна процесот за еден од најголемите судски случаи во земјава.
На обвинителната клупа седнаа три правни лица и 35 обвинети, меѓу кои сопственици, инспектори и поранешни функционери, со обвиненија за тешки дела против општата сигурност. Во дигитализираната судница во „Идризово“ е колешката Елена Ивановска Мукоска.
