Вести Свет

Конгресот во САД изгласа да бидат објавени досиејата на Епстајн

Американскиот конгрес денеска ја усвои одлуката за наредбата на Министерството за правда јавно да се објават сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епстајн.

Дури 427 пратеници гласаа „за“ усвојување на наредбата, а „против“ беше само републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана.

Сега за наредбата ќе се гласа во Сенатот и ако биде изгласана тогаш треба да биде потпишана од претседателот Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе ја потпише. Тој има овластување да му наложи на Министерството за правда да објави документи без гласање, но не навести дека планира да го направи тоа.

Американските демократи во Претставничкиот дом минатата недела објавија над 20.000 документи од архивата на Епстајн, кој во 2019 година во притвор изврши самоубиство, откако беше уапсен за сексуални злосторства. Додека неговата поранешна девојка Максвел отслужува 20-годишна казна за сексуална трговија со деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе