Вести Македонија Најважни

Јанев: Загинатите деца не се бројка, тоа се имиња, семејства, иднини недоживеани утра и празни столчиња дома

Загинатите деца не се бројка, тоа се имиња, семејства иднини недоживеани утра и празни столчиња дома. Обвинителот Борче Јанев кој е еден од застапниците на обвинението за трагедијата во Кочани со овие зборови во воведниот говор побара одговорност и казна за сите 35-мина обвинети.

Многу воздишки, плач и мачната атмосфера ја исполнија судската сала во Идризово додека се читаше кој што се сторил или не сторил за да дојде до пожарот во кој загинаа 63-ца млади луѓе а повеќе од 220 беа повредени.

Обвинителите ветија дека ќе успеат да докажат дека секој обвинет од своја страна има вина, но дека на врвот се наоѓа сопственикот на дискотеката Дејан Стојановски – Деко. Според обвинителството злодело е што воопшто постоел објектот, бил безбедносна стапица и буре барут.

Но сопственикот на дискотеката не бил сам рече обвинителот. Во системот имал консултанти, доушници, логистичари кои му помогнале опасно да ја работи дискотеката уште од 2012 година.

За сите обвинети од Општина Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР, ДЗР, Министерството за економија обвинителството вети дека ќе докаже дека не смееле да дозволат Пулс да има лиценца.

Со Воведниот говор на обвинителството започна судскиот процес каде се обвинети 35 мина и три фирми. На следното рочиште се очекува и одбраната да има свои говори.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе