Вести Македонија Најважни

Испреплетени емоции кај родителите на денешното судење за страотната трагедија во „Пулс“ – никој се уште не знае колку ќе трае процесот

Родителите на починатите деца со маици со нивните ликови и големо полициско обезбедување. Ова беше првата глетка утрово на главниот влез од судницата во Идризово каде почна судењето за пожарот во Пулс во кој животот го загубија 63 млади луѓе а над 200 беа повредени.

Многу испреплетени емоции кај родителите кои денес и прв пат по трагедијата се соочија со обвинетите. Адвокати обвинети обвинители влегуваа на страничните влезови. Од таму беа спроведени и обвинетите што се во притвор меѓу нив и првиот на списокот – сопственикот на Пулс Дејан Јованов.

Судницата полека се полнеше до последното место. Роднините, новинарите, набљудувачите седеа во делот зад стаклениот параван и следеа како влегуваат обвинетите во судницата. Додека траеше судењето неретко можеа да се видат солзи да се слушнат воздишки. Роднините кои бараат правда стравуваат дека одбраната ќе го одолговлекува судењето.

Колку ќе трае овој процес никој не знае – може пет месеци, може пет години. Ќе направиме сè судењето да тече непречено но не можеме да ви гарантираме брзина бидејќи секоја брзина може да значи грешка рече судијката Дијана Груевска Илиевска која на почетокот на рочиштето ги најави правилата на игра. Бара дисциплина и редовност.

Судот ја спои постапката за сопственикот на агенцијата Рубикон Александар Нацев со останатите 37 обвинети по што обвинителството најави едно интегрирано обвинение и прочистена редуцирана листа на докази за економичност на постапката и со дообјаснување дека нема суштински измени.

Адвокатите побараа одлагање дел од аргументите беше и тоа дека кумулацијата на две обвиненија претставува измена на обвинителниот акт, а дека Судот треба да ѝ овозможи увид во интегрираното обвинение на за да може да се запознае кои докази се отстранети и врз основа на тоа да ја подготви својата одбрана.

Советот не го одложи судењето. Со интегрираното обвинение не се повредуваат правата на ниту една од странките рече судијката и најави ќе одбраната ќе ги добие и обвинението и листата со докази, и до следното рочиште пред да даваат воведен говор ќе можат дополнително да прелoжат докази.

Судењето продолжува и следната недела со две закажани рочишта. Целото внимание е насочено кон судницата во Идризово каде денес пред влезот осамна и транспарент од герила акција на движењето „Кој е следен“ со порака дека од денес судската власт е под лупа.

Елена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе