Во Старо Нагоричане реката Пчиња се има излеано на неколку локации, без зафатени домови; се отстранува насобраната дрвена маса кај Коински мост, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во Битолско и Ресенско се регистрирани повеќе одрони и поединечни поплавени објекти, а екипите работат на расчистување на терен и на речни корита.
Нивото на Црна Река е благо покачено. Во Прилепско, Крушевско и Кичевско има појави на одрони, но без нови штети.
Од страна на ЦУК сите надлежни институции се известени за овие појави и веќе интензивно се работи на отсранување на истите.
Во Скопје било пријавено локално поплавување на еден станбен објект.
Состојбата со врнежите низ државата е стабилна. Водотеците се зголемени, но без непосредна закана од излевање. Сите регионални патишта се проодни и сообраќајот се одвива по влажни коловози, информираат од ЦУК.
Пожарникари извлекоа две лица во заглавен автомобил во надојдена вода на Пчиња кај Стрновац
