Вести Македонија

Царина: Спречен обид за нелегално изнесување на 94.000 евра

Царинските инспектори на граничниот премин „Табановце“ спречија обид за нелегално изнесување голема количина на девизи од земјава. Кај српски државјанин, кој тврдел дека носи помалку од 1.000 евра, при претрес на неговото возило биле пронајдени 94.000 евра, без документи за потекло, од кои 44.000 евра биле скриени под машка јакна на совозачкото седиште во црна рачна торбичка, а дополнителни 50.000 евра во багажниот простор во црна кожна торба.

Лицето не ги пријавило парите, што претставува кршење на Законот за девизно работење. Согласно законските одредби, на лицето му биле вратени 10.000 евра кои може да ги изнесе без пријава, додека преостанатите 84.000 евра се привремено одземени од страна на царината за понатамошна постапка за утврдување на потеклото на девизите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе