Вести Економија

Ќе се издава нова граѓанска обврзница, утре ќе бидат исплатени парите од претходната

Поради големиот интерес повторно ќе се издава граѓанска обврзница. Од министерството за финансии соопштија дека утре ќе се исплатени парите од  претходната. На сметките на граѓаните легнат 17, 6 милиони евра и камата од 880 илјади евра.  Втората граѓанска обврзница министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и камата од 5 отсто годишно.

Овој нов инструмент беше воведен пред две години за да се збогати понудата. Досега се издадени две во вкупен износ од над 41 милиони евра. Новата граѓанска обврзница се очекува да биде објавена до крајот на годинава. Минимумот за купување на една ваква обврзница е 10 илјади денари.

-Во Министерството за финансии се подготвува нова емисија на  граѓанска обврзница која ќе биде наменета за граѓаните кои сакаат да инвестираат безбедно и дирекно, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пазарната инспекција ги проверува големите маркети, следни се увозниците  

Дејан Дејан

Трипуновски: Македонија забрзува – од долгогодишен застој денес имаме конкретни резултати во земјоделството

Дејан Дејан

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе