Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува стабилно и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната од 12 до 19 степени.
Информација од ова утро 11.11.2025
Минимална температура (во °C)
5 Маврови Анови, Лазарополе, 6 Крушево, 8 Крива Паланка, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Берово, 9 Тетово, Куманово, Охрид, 10 Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 11 Скопје–Петровец, Велес, Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
9 Крива Паланка, 7 Берово, Крушево, Кавадарци, Лазарополе, 6 Прилеп, Штип, Виница, 5 Претор, Битола, Маврови Анови, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тополчани, Пожаране, Попова Шапка, Пожар-Радовиш, 2 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Велес, Ѓуриште, 1 Демир Капија, Струмица, Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
