Вести ДИРЕКТНО Македонија Топ вести

Ѓорчев: Да се изгласа со големо мнозинство влегувањето на Бугарите во Уставот со одложено важење

Во вечерашната емисија Директно Марјан Ѓорчев, поранешниот пратеник  зборуваше за Извештајот на Европската комисија за Македонија. Тој посочи дека извештајот е умерен, се поздравуваат умерениот прогрес во делот на усвојување на патоказот за владеење на правото, започнување на реформите во јавната администрација, унапредување на работењето на граѓанските институции, формирањето на советот за соработка меѓу Владата и граѓанството. Ѓорчев смета дека решението за движењето на Македонија кон европскиот пат е внесување на Бугарите во Уставот со одложено дејство.

„Според мене кој е чекорот? Во Собранието да се изгласа со големо мнозинство да влезат Бугарите во Уставот со одложено важење и да го изгласаме нашиот услов којшто ќе го дадеме во Европа“, изјави Марјан Ѓорчев, поранешен пратеник. 

Тој потенцираше дека државата треба да ја убеди Европската унија дека она што е направено со Македонија е неправедно и некоректно, и дека ако Црна Гора со огромна корупција и криминал можело да и се даде отпочнување на преговорите во 2012 година, истото можело да се направи и со Македонија кога била пресуда од Хаг.

Т.Д. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Дејан Дејан

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе