Тешко дека следната година инфлацијата ќе биде околу 2, 5 отсто. Ниту во овој буџет нема ништо поразлично од претходните каси. Економистите со првични видувања за тоа како е скроена државната каса за 2026 година. Универзитетскиот професор Ивановски во Вин Вин истакна дека и следната година предизвик за Народната банка ќе биде ценовната стабилност.
„Пред сè, инфлацијата главното жариште го има во домашната економија. И во следната година пред Централната банка остануваат предизвиците за прудентна макроекономска, односно монетарна политика со цел да ја контролира ценовната стабилност во државата“, изјави во „Вин-Вин“ универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
Ивановски смета дека инфлацијата кај нас добива сила како резултат на стимулацијата на јавната и на приватната потрошувачка.
Гувернерот Славевски пред два дена истакна дека моменталната инфлација од 4 отсто очекува до крајот на годинава инфлацијата минимално да биде под оваа цифра, а следната целта е да биде и под три проценти. И покрај новите глобални случувања со санкциите на САД и ЕУ не смета дека ќе има нов ценовен удар. Од друга страна, пак, прогнозите на ММФ за земјава се дека до крајот на годинава инфлацијата ќе се движи околу 4 отсто.
И за овојпат не изостануваат коментарите за капиталните инвестиции, иако во овој буџет се нешто пониско проектирани. Економистите сметаат дека треба да се прифати предлогот на фискалниот совет и да се формира специјален фонд во кој би се префрлале парите кои нема да се искористат за оваа ставка.
„Доколку сакаме да направиме пресврт, според мене, препораката која ја даде и фискалниот совет е вистинската и дефинитивно тие пари не стигнавте да ги потрошите, научете се како меѓутоа нели не може да одат за друго, туку мора за тоа“, додава Ивановски.
Генералната оценка на економските и дека, и овој како и претходните години, станува збор за социјален буџет.
Пред два дена владата го усвои буџетот за идната година. Планот е во 2026-та да се потрошат рекордни 6,7 милијарди евра, а да се соберат 6,1 милијарда евра. Капиталните инвестиции се проектирани на 650 милиони евра. Инфлацијата се предвидува да биде 2,5 отсто, растот 3,8 проценти, а дефицитот 3,5 отсто од БДП.
Но, главниот предизвик следната година ќе биде враќањето на долгот од еврообврзница. Токму поради ова, планот е да има ново задолжување кое може да надмине над една милијарда евра. Иако, буџетот за следната година е скроен, министерката за финансии не откри колку ќе изнесува јавниот долг кој заклучно со третиот квартал е над 58 отсто од БДП.
Ирена Чачкова
