Вести Македонија Топ вести

Поднесено обвинение по четири години од несреќа со смртни последици на сепарација на Вардар

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292, став 2, во врска со член 288, став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288, став 5, во врска со став 2, одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот.

Обвинителството, како што информира, водело истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога обвинетиот управител и правното лице, при извршување работи на сепарација на реката Вардар, воопшто не постапувале според прописите и мерките за заштита, го прекршиле Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, а како последица еден работник го загубил животот, додека друг се здобил со телесни повреди.

„Без да склучи договор за вработување, без воопшто да провери дали оштетениот ги исполнувал условите за работа, како и без да му овозможи услови за безбедно извршување на работните задачи, управителот го ангажирал сега починатиот Петар Мицев и му овозможил да управува тешко моторно возило – камион на сепарацијата, без да провери дали тој има соодветна возачка дозвола за наведениот тип возило“, се вели во соопштението од Обвинителство.

На 21.07.2021 година, оштетениот со камионот во сопственост на правното лице вршел превоз на песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото викано „Пумпите“, а како совозач во камионот бил и другиот оштетен.

„Минувајќи низ импровизирана патека, односно тесен насип од чакал на кој од двете страни било течението на Вардар, во еден момент камионот се превртел и паднал во реката. Совозачот успеал да излезе од прозорецот на возилото и да исплива на брегот, здобивајќи се со телесни повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал“, информираат од Обвинителство.

Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбедил докази и против еден вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ Подружница Тиквеш-Кавадарци, кој во својство на службено лице – оператор на главни испусти/затворачи и одговорен претставник на претпријатието бил присутен на сепарацијата и со свој службен потпис заверил повеќе испратници со невистинита содржина. Со тоа овој обвинет се товари дека сторил продолжено кривично дело „Фалсификување службена исправа“ од член 361, став 1 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе