Вести Свет Топ вести

Нецели три недели откако Трамп прогласи прекрасен мир – Нетанјаху нареди нови „жестоки“ напади во Газа, затоа што Хамас не ги вратил телата на сите мртви заложници

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и наредил на војската итно да спроведе „жестоки“ напади во Газа, соопшти прес-службата на владата.

Оваа израелска одлука следува откако Израел соопшти дека во ковчегот кој Хамас го предал во понеделникот, не се наоѓале посмртните останки на починат заложник и ги обвини милитантите дека направиле очигледно прекршување на договорот за прекин на огнот во Газа.

Хамас одговори дека Израел повторно создава лажни изговори за спроведување нови агресивни злосторства во Газа. Истовремено Хамас го обвини Израел дека ги попречува обидите за пронаоѓање на мртвите заложници во уништената и ги повика странските посредници да им дозволат на одговорните тела да ја вршат својата хуманитарна работа без политички и агресивни калкулации.

Нема ниту три недели откако Израел и Хамас се согласија за првата фаза на договорот за прекин на огнот, во кој во замена за ослободување на преживеаните заложници и предавање на безживотните тела на мртвите заложници, екстремно-десничарската влада на Израел ослободи речиси две илјади палестинци.

Посмртните останки на уште 13 мртви израелци се уште не се пронајдени под урнатините во Газа и сега Нетанјаху тоа како повод за нови напади.

Залудно палестинците објаснуваат дека под урнатините на Газа, се наоѓаат и илјадници безживотни тела на нивни сограѓани, кои заради степенот на уништувањето предизвикано од неселективните израелски напади не можат да бидат пронајдени.

Повеќе од 68 500 палестинци беа убиени во жестокото израелско бомбардирање на Газа, а повеќе релевантни меѓународни организации го обвинија Израел дека спровел геноцид врз палестинците.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарско МНР: Наредена е инспекција за да се утврдат сите факти поврзани со обработката на нотата поврзана со Мицкоски

Дејан Дејан

Без да се прифатат клучните барања на вработените, усвоени законите за судска и обвинителска служба – синдикатот реагира дека не се гарантира ни независност ни повисоки плати

Дејан Дејан

Болница „Демир Хисар“ прибежиште на осуденици со лажни психијатриски наоди – последиците ги трпат вистинските пациенти кои се малтретирани и заплашувани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе