Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Информација од ова утро 25.10.2025
Минимална температура (во °C)
0 Берово, 1 Лазарополе, 2 Попова Шапка, 3 Маврови Анови, Крива Паланка, 4 Скопје–Петровец, Струмица, 5 Битола, Крушево, Тетово, Прилеп, Куманово, Штип, Демир Капија, Велес, 6 Скопје–Зајчев Рид, 7 Кавадарци, 8 Претор, 9 Виница, Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
2 Крушево, 1 Лазарополе, Крива Паланка, Берово, Пожар.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
