Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 14°C, а максимумот од 18 до 24°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
4 Берово, 5 Лазарополе, Попова Шапка, 7 Прилеп, Крушево, Маврови Анови, 8 Битола, 9 Крива Паланка, Претор, Штип, Демир Капија, Кавадарци, 10 Тетово, Охрид, Виница, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 13 Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
4 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 2 Тополчани, Ѓуриште, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Тетово, Прилеп, Крушево, Пожаране, Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 14.4.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
